• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Пролетни активности

30 мај 2018 година – во текот на месец мај наставничките Гордана Томеска и Сузана Вејсели ги реализираа интеркултурните активности како дел од Еко-секцијата која се реализира со учениците. Дневните теми на активностите беа: виножито, пролетна облека, мајски цвеќиња и покрај река. Како резултат на активностите, учениците заедно со наставничките организираа изложба со сите производи од креативните работилници и изработките од интеркултурните воннаставни активности. Родителите гордо уживаа во изложбата со креативни изработки подготвени од учениците.